23 Ноември, 2024
0.0321

БЕГАЈТЕ ДАЛЕКУ ОД НИВ: Три знаци од кои жените треба да бегаат како од ѓавол

Објавено во: Општо 17 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Рак


Раковите може да ги сместите во две групи - тие што го сакаат својот дом, но се напорни, ситничари и критичари и оние кои се пасивни, мрзеливи и незаинтересирани. Таквите најчесто се женат од корист, наследство или поради каква било причина која на полесен начин ќе им обезбеди финансии или висока положба во општеството. Иако сака семејство, никогаш со ништо не е сосема задоволен и секогаш ќе најде нешто што кај него ќе предизвика критика и жалење. Сепак, по правило мажите ракови се верни, секако ако сите нивни желби во домот се задоволени. 

 Скорпија

Единствен начин на кој со овој знак ќе имате брачна хармонија е слепо да го пратите во неговите настојувања. Скорпиите не поднесуваат доминантни жени, старомодни се и сакаат да покажат кој е маж во куќата. Сепак, ги обожаваат својата сопруга и децата и успешни се на деловно поле, што им овозможува успешно да се грижат за семејството. Длабоко во душата се добри личности, иако никогаш нема да научат како да ги изразат чувствата. Ако можете да ги задоволите сите нивни големи желби, во спалната соба и надвор од неа, би можеле да имате успешен брак. 

 Стрелец 

Овој тип мажи бара мудра и тактична жена, и тоа во многу поголема мера од останатите затоа што тој ќе ги забележи нејзините грешки, несовршености и маани. Нивниот интерес за светот е огромен - сакаат да помогнат и да учествуваат во сè, што некогаш ги држи тешко врзани за бракот и за домот. Со овој маж не е тешко да се живее, но поради недостатокот на чувства, нетрпеливоста, строго утврдените правила, неговата сопруга ќе биде принудена да ги прошири своите хоризонти.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.