19 Декември, 2025
0.0440

Бехтел и Енка градел поевтино во Србија и Косово, автопатите во Македонија ќе чинат поскапо

Објавено во: Економија 13 Март, 2023 14:17

Добивај вести на Viber

Безмалку 12 милиони евра по километар ќе чини изградбата на автопатите по Коридорот 8 и Коридорот 10д, а министерот за трaнспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, тврдат дека, по актуелните цени, тоа е многу поевтино во однос на тарифите кои важеле порано во регионот.

Од четирите делници кои ќе ги гради конзорциумот Бехтел и Енка, под надзор на консултантот ИРД Инженеринг, најскапа и најкомплицирана ќе биде делницата Гостивар - Букојчани, за чие проектирање и изградба ќе се платат 560 милиони евра за 30,3 километри. Тоа би било 18,6 милиони евра по километар. Понатаму, за делницата Требениште - Струга ќе се платат 360 милиони евра за 20,7 километри. За Прилеп - Битола ќе се потрошат 260 милиони евра за 39,4 километри, додека најлесна ќе биде изградбата Тетово - Гостивар, каде што ќе се искористи постоечката траса и ќе се платат 125 милиони евра за 17,5 километри. Податоците денеска пред медиумите ги изнесе консултантот.  Вкупната сума на целиот проект изнесува, како што е познато, 1,3 милијарди евра без експропријацијата. Излегува дека еден километар во просек ќе чини 12 милиони евра.

Од „Државни патишта“ пред јавноста беше претставена табела за споредба на која може да се види дека изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица чинела 7,79 милиони евра по километар во 2018, што е многу поевтина реализација од грчки „Актор“.

- Да, но арматурата тогаш беше 0,5евра по килограм, а сега е 1,5 евра. Цемент вреќа беше 3/4 евра, а сега е 8/9 евра. Битуменот е двојно поскап, работната рака исто двојно поскапа во споредба со тогаш, рече советникот Зоран Сламков.

Автопатот Приштина - Скопје, кој го градел истиот оператор - Бехтел и Енка, чинел 10,7 милиони евра по километар по цени од 2019. Истата компанија го градела и автопатот Појате - Прељина во Србија во должина од 112 километри, а еден чинел 6,77 милиони евра по километар по цена од 2020.

Автопатот Подгорица - Матошево во 2021 што го изградила компанијата Power China чинел 20 милиони евра по километар. Автопатот Блград - Сараево во 2021 чинел 13,9 милиони евра по километар, додека Владичин Хан - Грделичка Клисура изнесувал безмалку 11 милиони евра по километар. Најевтините автопати ги градел македонскиот „Гранит“ - во БИХ за околу 5,5 милиони евра во просек во 2018 кога ги реализирал двете делници Бања Лука - Прњавор и Прњавор - Добој.

Дарко Спировски, претставникот од консултантот ИРД Инженеринг, вели дека сумата се темели на иницијален дизајн, а допрва треба основниот проект да покаже колкави ќе бидат трошоците.

- Моделот на Бехтел и Енка овозможува брза изградба, а има и физибилити студија изработена од Градежниот факултет од која може да се процени колку ќе чини се заедно. Основните проекти ќе се прават посебно за секоја делница по што сумата ќе може да се зголеми или намали. Најкомплициран по ова прашање е делот Гостивар - Букојчани, бидејќи се работи за планински предел, рече Спировски.

Неофицијално, Бехтел и Енка месецов преку државниот буџет ќе го добие првиот трансфер на авансна исплата со која ќе треба да започне да работи, најпрво на делниците Тетово - Гостивар и Прилеп - Битола, а првата сума што ќе ја добие ќе биде најверојатно повеќе од 80 милиони евра.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба