20 Мај, 2024
0.0266

Бехтел и Енка нема да плаќа данок, царина и акцизи

Објавено во: Економија 07 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Група пратеници од власта во Собранието поднесе предлог за измени на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање за имплементирање на стратешки партнер за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10д со што изведувачот Бехтел и Енка нема да треба да плаќа даноци и царински давачки.

„Со предлозите за измена и дополнување се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон“, се вели во предлогот.

На конзорциумот ќе му следува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки, нема да ја плаќа акцизата за гориво како и данокот на моторни возила. Законот ќе се носи по скратена постапка. Поставен е на собранискиот дневен ред уште на 10 април.

„Со предлозите за измена и дополнување се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон. Исто така со предлозите за измена и дополнување се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за цели на пректот опишан во законот“, се вели во образложението.

„Целта на измената и дополнувањето на законот е да се овозможи забрзана реализација на проектот од јавен интерес а со цел изградба на делниците Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија

Потребата од ослободување од јавни давачни и даноци за наведениот проект е неопходна за забрзана и непречена реализација на проектот од јавен интерес од овој закон.“, пишува во образложението.

Бехтел и Енка во рамки на овие олеснувања нема да смее да потроши повеќе отколку што е пропишано во договорот за изградба, каде што е познато дека пресметката на сумата потребна за целиот прокет изнесува 1,3 милијарди евра.

Во предлог-законот пишува и дека сето она што ќе го увезе Бехтел и Енка, со оглед на тоа што нема да плаќа царинење, нема да смее да го отуѓи и да го даде на друг во следните три години.

Подзаконските акти кои ќе го регулираат ова треба да се донесат од надлежните институции за 60 дена откако ќе стапат во сила измените. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра