15 Декември, 2025
0.0310

БЕЈРУТ ЌЕ ЛИЧИ НА ГАЗА: Израелски пратеник тврди дека војната со Либан е само прашање на денови

Објавено во: Свет 09 Септември, 2024 08:57

Добивај вести на Viber

Израелски пратеник тврди дека почетокот на војната со Либан е прашање на денови, а предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа.

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и Либан.

Член на Ликуд, владејачката партија на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави за јавната телевизија „Кан“ дека по избувнувањето на војната, предградието на Бејрут Дахије – главното упориште на Хезболах – „ќе личи на Газа“.

Тој вели дека Нетанјаху вчера ги информирал воените претставници дека „мора да стават крај на оваа сага“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Нема друг начин. Ова е нешто што ќе се развива во наредните денови“, додаде Ватури, кој е и дел од парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана. 

Објаснува дека војната треба да почне со превентивен напад како неодамнешниот за кој Израелците тврдат дека спречил планиран голем напад на Хезболах врз централен Израел. Сепак, Ватури нагласува дека овој пат превентивниот напад треба да трае најмалку 4-5 дена, по што би следела копнена инвазија

Тензиите се зголемија откако Фуад Шукр, врховен командант на исламистичката група, загина во израелски воздушен напад врз упориште на Хезболах во јужните предградија на Бејрут на крајот на јули.

Во повеќекратните израелски напади врз сирискиот град Хама доцна вчера загинаа најмалку четворица цивили, објавија сириските државни медиуми, а извори велат дека целта бил голем воен истражувачки центар.

Лани на 7 октомври палестинската терористичка група Хамас изврши напад на Израел и војната трае. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса