Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба во РКЕ
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2024
Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање дека голем број на граѓани се жалат на многу повисоки сметки за електрична енергија во јануари, рече дека домаќинствата и малите потрошувачи имаат право на жалба кај Регулаторната комисија за енергетика.
- Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени со РКЕ, но граѓаните секогаш имаат право на жалба во регулаторната комисија и ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, да пријават и тоа ќе се среди веднаш, рече министерот.
Бектеши дополнително додаде дека законски до 1 јули не може да се промени цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека не очекува нејзино зголемување ниту по овој датум, согласно информациите кои што ги има за трошоците за клучните енергетски компании.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.