24 Ноември, 2024
0.0320

БЕКТЕШИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: може да се соочи со казна од една, па дури и пет години затвор

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши добил кривична пријава од полицијата од СВР Охрид поради „попречување на правдата“. 

Настанот како што објави телевизија „Телма“ е пријавен во билтенот на СВР Охрид на 25 овој месец, иако се случил на 7 мај годинава, но во него не е посочено дека пријавата е наменета за владин функцинер. 

Имено во билтенот на МВР во кој се нотираат покарактеристични кривични дела и се објавува секој ден, за 25.07.2024, некаде на 20-тата позиција во документот е посочено дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за дело “попречување на правдата”, извршено ден пред парламентарните избори.

Всушност зад иницијалите К.Б. се крие министер на функција во тој период. МВР не посочило дека за ова сериозно дело извршено кон полициски началник гонат поранешен висок функционер односно министер.

Три дена подоцна е откриено дека осомничениот е екс министерот Крешник Бектеши.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој според полицијата упатувал пораки на полициски началник од Охрид, а поврзано со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности. Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

Три и пол месеци подоцна МВР поднесува кривична пријава за Бектеши и тоа за тешко дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор или дури и доживотен затвор (во случај да има жртви поради извршено попречување на правдата).

Во продолжение извадокот од дневниот билтен на МВР

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик - стои во билтенот. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП