РУСИТЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИЛЕ АМЕРИКА ПРЕД ДА НАПАДНАТ СО „ОРЕВОКРШАЧКА“: Испратите автоматска порака 30 минути пред лансирањето
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2024
Русија
испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за
лансирањето на „оревокршачка“
30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг
портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел - објасни Песков.
Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим.
Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање.
Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.
- Руската страна јасно ги покажа своите способности. Дополнително, јасно се оцртуваат и контурите на понатамошен одговор, доколку не се земе предвид нашата загриженост - истакна Песков.
Според него, главната порака од обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин е дека Москва ќе одговори на непромислените одлуки на Западот.
Тој нагласи дека Русија би сакала Вашингтон да ги слуша изјавите на рускиот лидер дадени неколку месеци пред тестирањето на „оревокршачката“ во Санкт Петербург.
– Во тој говор Путин апсолутно исцрпно го претстави нашиот став за дозволите за употреба на странска ракетна технологија за напади длабоко на руска територија. Рускиот лидер испрати јасна порака, и искрено, ние би сакале таа порака да се земе предвид – рече Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешното обраќање потврди дека вооружените сили на Украина ја гаѓале руската територија со западно оружје и дека руските вооружени сили, како одговор на ракетните напади со долг дострел врз Русија на 21 ноември, тестирале балистичка ракета со среден дострел без нуклеарно полнење. Руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз воената фабрика „Јужмаш“ во Дњепропетровск, каде меѓу другото се произведува ракетна технологија. Според Путин, проектилот не може да биде пресретнат од современи системи за противвоздушна одбрана. Лета со брзина од 10 мах - 2,5-3 километри во секунда.
Пред тоа, два дена откако беа одобрени нападите длабоко на руска територија, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина - Основи на геополитиката на полето на нуклеарно ограничување.
фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFIEV* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.