28 Ноември, 2024
0.0280

Бектеши: И Владата да ја ревидира одлуката, согласно законските прописи концесиите ќе мора пак да се спојат

Објавено во: Економија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши објасни зошто е побарано и одобрено спојување на две концесии за експлоатација на бакар и злато од компанијата Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, за рудникот Иловица. Вели дека Министерството за економија само го почитувало законот и насоките дадени од Управниот суд.

„Уште стопати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, изјави Бектеши.

Првата постапка почнала во 2005 година, а завршила со потпис на концесија од тогашниот министер Зоран Ставревски во 2012 година. Но, откако фирмата во 2016 година побарала дозвола за експлоатација што е финален чекор, Министерството за економија во 2019 во време на Бектеши како министер, ја одбиле фирмата со образложение дека документацијата е некомплетна, oбјави Радио Слободна Европа.

Иницијативата за втората концесија била отпочната во 2009 година, ги поминала исто така сите фази и позитивни мислења од Министерството за животна средина, за Транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за култура, Министерството за земјоделство, Општините Босилево и Ново Село и одлуката за давање на концесија била потпишана од тогашниот премиер Никола Груевски во 2015 година. Кога повторно во Министерството за економија е побарана дозвола за експлоатација, во 2019 година е донесено решение дека документацијата е некомплетна. Во меѓувреме во два наврати фирмата побарала да се спојат двете концесии и тоа во 2018 и во 2019, но по предлогот за спојување немало одлуки. Токму тоа вели Бектеши дека е причина што сега во 2023, Управниот суд донел одлука дека мора да се одлучува по барањето за спојување на двете концесии.

фото Фејсбук/ Крешник Бектеши

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места