27 Ноември, 2024
0.0277

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Дали Доне Таневски имал ценовно – чувствителни информации врз основа на кои купил повеќе од 17.000 акции (од мај до септември н.з.) за во ноември да продава акции по значајно повисока цена? Дали Таневски сокрил ценовно – чувствителни информации кога Македонската берза согласно своите законски обврски побара одговор на тоа прашање од „Македонијатурист“? Од регулаторот КХВ велат дека веќе подолг временски период на дневна основа го следат тргувањето со акциите на Македонијатурист“ и дека во тек се контролни активности при што се опфатени сите вклучени страни и тоа од повеќе аспекти, независно што досега не е пристигнато ниту едно барање за заштита на акционерски права

Доне Таневски, долгогодишниот прв човек на најголемата хотелиерската компанија официјално потврди дека продал една четвртина од своите акции во „Македонијатурист“.

Фактите покажуваат дека Доне Таневски акциите ги продаде по највисока цена постигната на нашата берза во период неколку години наназад. Цената за секоја акција што ја продаде Таневски беше 13.597 денари. Додека Таневски броеше по 221 евро за секоја продадена акција сите други мали акционери кои сакаа да ги продадат акциите во тој период не можеа да земат 125 евра за акција затоа што пазарната цена на берзата беше пониска од 7.700 денари за акција.

Ова е ситуација фрли дамка врз принципот за фер берзанско тргување со регулација од независно државно тело.

Таневски наплати 5,7 милиони евра за своите акции. Во тој блок се продадоа уште 1,2 отсто од акциите (околу 5.000 акции н.з.) и постојат шпекулации дека продавачи биле блиски роднини на Таневски.

Дали Таневски сокри ценовно-чувствителна информација од македонската јавност?

Хронологијата на настани од средината на мај до средината на ноември укажува на сомневање дали Доне Таневски можеби не ја кажал вистината кога тоа од него го побара Македонската берза односно дека можеби ги излагал институциите на системот за фер тргување? А ако се докаже дека тоа е така следи кривична одговорност и санкции.

Што покажува хронологијата на настани во кои директно е вклучен Доне Таневски како најголем поединечен акционер и воедно како претседател на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“.

На 21 мај годинава Доне Таневски објави дека купил 8.667 акции во „Македонијатурист“ и со тоа неговото учество во акционерската структура се зголемило на 21,5 отсто. Цената на акцијата во тој период (мај – септември) не преминуваше 7.000 денари. Купувањето беше изненадување за инвеститорската јавност која знае дека две децении наназад Таневски не купувал акции затоа што е алфа и омега во најголемата хотелиерска компанија.

На 11 јуни годинава Таневски објави дека докупил 3.199 акции и со тоа надмина 100.000 акции во негова сопственост односно веќе поседува 22,2 отсто од сите акции во „Македонијатурист“.

И сега еден многу индикативен момент, 17 јули годинава отворениот задолжителен пензиски фонд на „Сава“ прави јавна аукција на која ги нуди на продажба своите 8,8 отсто акции. Почетната цена беше 9.800 денари за акција, а аукцијата не беше успешна затоа што во тоа време никој не сакаше да даде толку пари за тие акции. Фондот и денеска ги продава истите акции на аукција по моделот „се или ништо“, но овој пат почетната цена е 10.150 денари.

Потегот на фондот е за пример затоа што ги води интересот на нивните клиенти – идните пензионери. Односно моментот дека сега може да направат капитална добивка која одлично ќе дојде за зголемување на стековите на сметките на нивните членови – претежно идни пензионери.

Токму тоа што овој институционален инвеститор организирал јавна аукција за продажба во јули откако почнал да купува Таневски е индикатор дека најголемиот акционер имал ценовно чувствителна информација, но ја сокрил од македонската инвеститорска јавност?

На 3 октомври годинава Доне Таневски објави дека докупил 5.381 акција по што поседува 23,4 отсто од акциите (количината пред да продаде н.з.).

И сега клучниот момент на 7 октомври „Македонијатурист“ одговара на  барањето на Македонска берза и кажува дека не поседува ценовно-чувствителна информација за зголемувањето на пазарната цена на таа акција!!! Дали може одговорот од „Македонијатурист“ да биде составен и објавен без знаење и согласност на Доне Таневски (претседател на Надзорен одбор) и неговата ќерка Мирјана (претседател на Управниот одбор)?

Токму таа ценовно-чувствителна информација треба да биде во фокус на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) независно регулаторно тело кое има законски надлежности да го регулира пазарот на капитал во Македонија. Само КХВ има мандат да утврди фактичка состојба за да се отстранат сите дилеми дали Доне Таневски преговарал макар и само усно со заинтересирани страни за купување на негови акции во периодот кога купувал акции во „Македонијатурист“? И дали со тоа создал услови за лична материјална корист која е на штета на малите акционери во таа хотелиерска компанија?

Дали купувал акции во дадениот период по цени кои се значајно пониски од цената по која продаде дел од неговите акции? Дали тоа го правел затоа што знаел дека има две групи сериозни инвеститори кои би платиле и повеќе од пазарните цени по кои тој купуваше акции во периодот од мај до септември?

Во цел целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ постави прашања до Доне Таневски и неговата ќерка Мирјана Тааневска Ефремова, а воедно и до КХВ. Доколку добиеме одговори од семејството Таневски ќе го објавиме во целост.
Овде интегрално и во целост го објавуваме одговорот на КХВ:  

-Комисијата за хартии од вредност веќе подолг временски период на дневна основа го следи тргувањето со акциите на Македонијатурист АД Скопје, при што во изминатите неколку месеци се присутни и купоподажби на поголеми количини акции од овој издавач што резултира и со поголеми сопственички промени. Во рамки на контролните активности кои ги извршува Комисијата, а се уште се во тек, се опфатени сите вклучени страни и тоа од повеќе аспекти согласно законските надлежности и овластувања на Комисијата. Имајќи предвид дека станува збор за друштво чии акции се котирани на Македонската Берза и се составен дел на МБИ-10 Македонскиот Берзански Индекс , акциите се под надзор на Комисијата во континуитет, независно што досега не е пристигнато ниту едно барање за заштита на акционерски права.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години