ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2024
Во гостувањето на ТВ Сител, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшто точно каде во претстојниот период интензивно ќе се работи.
„Овој проект, овој автопат - Охрид-Кичево е симбол или ќе е симбол за работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади. Со апсолутна убеденост можам да го повторам тоа што го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани, тоа е некаде под превојот Пресека, до Охрид, со еден мал исклучок кај селото Ботун, затоа што таму има лизгање на земјиштето, ќе има целосно автопатско решение пред почетокот на следната летна сезона. Паралелно на тоа кај селото Ботун, веќе од денеска се работи рехабилитација на постојниот пат, за и тоа да е пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека, затоа што истиот ќе се користи до крајот на 2026 година, додека во однос на автопатот, вториот дел од автопатот кој што е некаде 17 километри, тоа е некаде од селото Врбјани до над Кичево, ќе биде завршен како што ветивме до крајот на 2026 година и јас стојам позади овие ветувања и ќе го направиме тоа“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.