ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024
Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.
- Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е - премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА.
На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.