БЕКТЕШИ ЈАСНО ИМ КАЖА НА СЛУПЧАНИ - сите мора да си ја плаќаат потрошената струја, проблемот денеска ќе биде решен
Објавено во: Економија 06 Јули, 2023 14:50
Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен. Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме, кажа во изјава за медиумите министерот за економија Бектеши откако поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните настана дефект на преносната мрежа на електрична енергија во неколку села во Липковскко.
„Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика и подзаконските акти креира клима се со цел да се намалат загубите на електрична енергија во делот на пренос и дистрибуција и во делот на кражбите кои ги има. Јас лично сум вклучен во овој процес и сакам да им порачам на сите граѓани дека електрична енергија мора да се плаќа насекаде. Како што беше и случајот со Арачиново и со други населени места, секој граѓанин треба да плати за потрошената струја, така функционира и пазарна економија и регулирана економија, бидејќи цената на струјата на електричната енергија е регулирана во нашата земја. Целосно сме посветени загубите да бидат минимални. Од минатата година до сега, со поддршка и на Министерство за економија и другите институции загубите се значително намалени. ЕВН имаат право согласно регулативата да постапат во овие случаи како што има земено обврска да работат на надградба на мрежата се со цел подобрување на услугите кои ги даваат на сите граѓани“ кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека разговарал со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи дека ситуацијата во Слупчане ќе биде решена и екипите на Електродистрибуција ќе може непречено да работат на отстранување на дефектите и надградба на дистрибутивната мрежа.
„Разговарав со градоначалникот Арифи, кој заврши одлична работа, колку што имам информација, разговараше со сите населени места, ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени место. Но морам уште еднаш да кажам дека сите граѓани имаат обврска да плаќаат за потрошената електрична енергија“ кажа Бектеши.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




