Бектеши: Подготвени сме за живот без рускиот гас, индустријата може да користи алтернативно гориво
Објавено во: Економија 27 Април, 2022 12:37
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека прекинот на снабдувањето на Бугарија со руски гас не е поврзано со Македонија и дека имаме континуирана испорака.
- Според денешните состаноци со трговците, со ГА-МА и со АД НЕР, се подмирени сите обврски од наша страна во делот со снабдување со природен гас. Ситуацијата е комплексна и никогаш не се знае каккви одлуки може да се донесат, но ние како држава имаме алтернатива за секоја ситуација, рече министерот.
По одлуката на Гаспром, Бектеши рече дека следната недела во Софија ќе се состанат сите економски министри на засегнатите земји од регионот.
- Денеска одлучивме да направиме состанок во Софгија следната недела со сите министри од регионот со цел да се презентираат сите потреби на нашите држави и со тоа да имаме континуитет во снабдувањето, наведе тој.
Бектеши додаде дека Македонија е многу помалку зависна од рускиот гас кога е завршена грејната сезона, а индустриските капацитети може да работат на алтернативно гориво.
- Имаме три системи за приорден гас на ТИРЗ, ЈП Струмица Гас и ЈП Куманово Гас. Најголемата потрошувачка на природен гас е во зимските месеци и најмногу се користи за топлинска енергија. Најголем потрошувач е когенеративната постројка ТЕ-ТО Скопје. 60 потрошувачи се директно поврзани на мрежата. Имајќи ги во предвид податоците, индустриските потрошувачи приклучени на мрежата може да користат алтернативно гориво како мазут, ТНГ и екстра-лесно. Во тек е и гасната интерконекција со Грција која може да стане оперативна многу брзо, посочи Бектеши.
Тој додаде дека минатата година потрошувачката на природен гас е зголемена за 26 отсто на годишно ниво.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




