28 Ноември, 2024
0.0417

Бектеши: Повластениот данок за пелети беше само времена мерка

Објавено во: Економија 14 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

На повеќе од 40 илјади домаќинства што се греат на пелети им се заканува нов ценовен шок, откако Владата на последната седница реши да ја зголеми даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластената стапка од 5 на редовната стапка од 18 проценти.

Министерството за економија во повиците до граѓаните да се загреваат на пелети нудеше субвенции, а министерот за економија Крешник Бектеши за прв пат по ова прашање коментираше во јавност и рече дека данокот од 5 отсто било само времена мерка.

- Имаме Закон за трговија. Имаме Закон што ги утврдува овие работи. Мерките кога ги носевме, тоа беа времени мерки кои се однесувале за справување со одредени кризи, почнувајќи од пандемијата, енергетската криза, па ценовната криза... во одредени моменти кога имаше дисбалансирање на пазарот за одредени производи, вклучувајќи ги и пелетите, а ние не сме големи производители на пелети во државата. Главно сме увозно зависни и затоа секој ден, во секој момент, ако се забележи злоупотреба на цените за одредени производи – во овој случај на пелетите – или пак, неодржливост за граѓаните што користат пелети, тогаш Министерството за економија на првата владина седница може да ја укине целосно, како што тоа било направено и претходно преку т.н. автономни мерки, рече Бектеши на едно од прашањата во интервјуто за Гласот на Америка.

Своевремено Министерството за економија повикуваше да се инвестицира во печки на пелети, а потоа владата донесе мерка со која се зголемува данокот. Според Бектеши, самите овие инвестиции им ги намалуваат долгорочно трошоците на граѓаните.

- Многу едноставно. Логиката е во енергетска ефикасност и во заштеда на електрична енергија, имајќи предвид дека цел свет се справува со енергетската криза. Вградувањето на пелетите и котелите со пелети – инвестирањето во енергетски ефикасни технологии значи заштеда на електрична енергија, помалку трошоци за граѓаните, особено за тие кои имаат повеќе потреба, додава тој.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места