Бектеши прашува колку луѓе се вработени откако СДСМ и ДУИ се на власт?
Објавено во: Македонија 08 Април, 2018 07:31
Министерот за економија Крешник Бектеши – бара отчет од Владата, за тоа колку луѓе се вработени откако СДСМ и ДУИ дојдоа на власт.
Тој пред три недели, на седница на Владата писмено побарал да му биде доставен детален преглед од Министерството за финансии колку согласности за вработување се издадени во периодот од јуни лани до крајот на минатиот месец, објави ТВ 24.
Владата на 60-та седница го задолжила Министерството за финансии да ги обезбеди податоци. Од економија велат дека информациите се уште не ги добиле.
Бектеши бара информации за колку согласности за вработување потпишал по институции, колку од нив се на определено, а колку на неопределено време и колку трансфери на вработени се направени. Неофицијално податоците на Бектеши му се потребни за спроведување на систематизацијата поврзана со стратегија за реформи во јавната администрација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




