Бектеши: Тие што уплатиле за летување во 2020, ќе може да го искористат во 2022
Објавено во: Економија 12 Мај, 2021 11:51
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека ќе им се излезе во пресрет на Туристичките агенции и тур-операторите да не мора оваа година да им ги вратат парите на граѓаните кои уплатиле за аранжамн за летување во 2020 кое потоа мораше да го одложат поради пандемијата.
Комората на агенциите бараше да се продолжи рокот на ваучерите кои се издадени за нереализираните патувања во 2020 година, наместо до 31.12.2021, до крајот на 2022 година, бидејќи состојбите се уште се неизвесни и не се знае дали и кога ќе се стабилизира ситуацијата и ќе може да се реализираат ваучерите.
Владата минатата година донесе уредба со која на граѓаните кои веќе платиле аранжмани истите да им се претворат во ваучери, за да не бидат принудени агенциите да им ги вратат парите.
„Речиси 90 отсто од аранжамините кои се пријавени во Министерството за економија, пошто така беше и решението, се купени за летување во Грција. Тие не можеа да бидат користени претходната година. Ако во случај и оваа година не ќе можат да бидат користени, секако дека ние ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот. Но ние секојдневно имаме увид во тоа како се користат тие ваучери и во моментот кога ние ќе помислиме дека тоа е потребно, секако дека ќе го продолжиме рокот ако имаме барање од граѓаните кои ги платиле аранжманите“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




