БЕКТЕШИ ЗА ИЗБОРИТЕ: Тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика
Објавено во: Македонија 15 Март, 2024
Кој ќе изгуби на изборите да се повлече од политиката. Ваков предлог даде вчера министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бара партиите што ќе изгубат на претстојните избори да се повлечат од политиката. Ги повика сите политички партии да се договорат за ова прашање, откако го прашаа дали претседателот на ДУИ, Али Ахмети, би се повлекол од партиската функција доколку ДУИ биде поразена на следните избори.
„Тоа е прашање за господинот Ахмети, но еве, повикувам да направиме договор, ако сакаат и јавно да потпишеме договор меѓу сите политички партии – тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата, нека повелат сите политички партии, вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ и другите партии. Но, зошто ова не би се случило, затоа што овие т.н. лидери на политички партии – тоа не важи само за македонската опозиција, туку и за другите лидери – сите изгубиле избори не еднаш туку повеќепати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил и нема да изгуби избори“, рече Бектеши.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски објасни дека не ја слушнал изјавата и не може да коментира. Ковачевски рече дека откако е тој во партијата, СДСМ и губела и победувала на избори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.