19 Декември, 2025
0.0619

Белгиски текстилни компании и светски бренд од хемиската индустрија заинтересирани да инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 14 Мај, 2013 14:00

Добивај вести на Viber

Неколку врвни текстилни компании и еден светски бренд од хемиската индустрија од Белгија се заинтересирани за инвестирање во Македонија.

Ова го потврди директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида по денешниот бизнис-форум во главниот град на Кралството Белгија на кој учествуваа претставници на десетте најголеми компании од текстилниот сектор од оваа земја-членка на Европската унија.

По презентацијата што ја изврши во просториите на Текстилната федерација на Белгија, директорот Фида изјави дека белгискиот текстилен сектор е многу значаен и силен, а поради специфичноста на браншата бара нови бизнис-дестинации во Европа што ќе им овозможат полесен и побрз пристап до пазарите веќе воспоставени на „стариот континент“.

- Овие состаноци во организација на нашата Агенција, но и на македонскиот економски промотор во Белгија Крешник Бектеши, како и на Амбасадата на Република Македонија при Кралството, мислиме дека нудат добра шанса како бизнис-дестинација да ги привлечеме овие компании, пред се во прва фаза да ја посетат Македонија, а потоа и да одлучат и да инвестираат во нашата земја, рече Фида.

На прашањето дали е ова прва негова средба со овие белгиски компании или веќе има воспоставено канал на комуникација, Фида потврди дека Македонија има константна комуникација со компаниите во Белгија преку економскиот промотор Бектеши кој, според директорот на Агенцијата за странски инвестиции, е постојано во комуникација со заинтересираните компании за инвестирање во нашата земја.

Фида потврдува и дека освен компании од текстилниот дел на индустријата во Белгија е можно остварување на соработка и со силни брендови од други сектори.

- Во агендата на средби во Брисел имаме уште пет други големи компании што не се од текстилниот сектор. Утринава имавме средба со претставниците на една од најголемите светски компании од областа на хемиската индустрија што се наоѓа во главниот град на Кралството, а која пројави интерес за посета и евентуална инвестиција во Македонија, рече Фида. Оваа компанија гледа да биде што поблиску лоцирана на делот на Блискиот Исток и пазарот во Турција, па по она што ние им го презентиравме тие покажаа голем интерес за инвестирање во нашата земја, истакна Фида кој не сакаше да ги открие имињата на компаниите што се блиску по Ван Хал која веќе инвестира во Македонија за производство на автобуси, да станат следните белгиски инвеститори во нашата земја.

Според планот, првиот човек за привлекување на странски инвестиции во Македонија, попладнево има средба со една голема компанија за компјутерска технологија, додека утре ќе има два состаноци од кој едниот е со претставници на компанија од автомобилската и другата од хемиската индустрија.

Фида пристигна во Брисел директно по економското роуд-шоу во САД, а за тоа каде ќе замине по утрешниот крај на дводневната работна посета на Кралството Белгија рече: - Оттука продолжувам во неколку други земји од Европската унија преку т.н. роуд-шоуа што ги организираме заедно со целиот економски тим на Владата на Република Македонија до крајот на јуни. По паузата за летниот период, од септември продолжуваме со истото темпо.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?