19 Декември, 2025
0.0343

Белгискиот министер за финансии си даде оставка поради кредит

Објавено во: Свет 05 Март, 2013 19:18

Добивај вести на Viber

Белгискиот министер за финансии, Стивен Ванакере во вторникот поднесе оставка од функцијата поради спорот околу повластените каматни стапки на банкарските кредити, во пресрет на клучните преговори на шестчлената коалициона влада за понатамошните мерки на штедење. Причината за неговото заминување беше спорот околу поволна каматна стапка на кредитот кој го одобри Државната банка „Belfius“ на синдикатот поврзан со фламански демохристијански партија на Ванкере. Пратениците во белгискиот парламент се сомневаат дали министерот знаел за условите на кредитот. Белгиската влада се подготвува да започне преговори овој месец за договарање на новиот пакет мерки за штедење. Во Белгија дури кон крајот на 2011 година заврши година и половина долгата политичка криза која доведе до скок во трошоците за кредити во државата затоа што инвеститорите стравуваат дека нема да бидат во можност да го предвидат буџетскиот дефицит и националниот долг кој достигна речиси 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП). Минатата година, белгиската влада успеа да го намали буџетскиот дефицит за околу три отсто од БДП, од 3,7 проценти колку што беше година претходно, со помош на заштедата од 14,5 милијарди евра, а благодарение и на планираното зголемување на старосната граница за пензионирање. Владата планира и понатаму да го намали дефицитот на 2,15 проценти од БДП, со договорената пакет на мерки за штедење во износ до 3,4 милијарди евра. Како министер за финансии Ванакере влезе во Владата во декември 2011 година. Две години претходно тој беше министер за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела