БЕЛГРАД: Автомобил ја проби блокадата, удри студент и го носеше на хауба
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2024 20:39
Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба.
Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева се случил инцидентот.
Жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.
„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.
Студентите кои ги блокираа факултетите низ Србија, пред институциите изнесоа четири барања. Властите тврдат дека барањата се исполнети и не им е јасно зошто студентите уште протестираат. Студентите објавија уште еднаш прецизно што се нивните барања и што не е исполнето.
Четири заеднички барања на сите студенти во блокада се:
Објавување на комплетната документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.
Отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените студенти и млади на протестите по повод падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Поднесување на кривични пријави против напаѓачите на студентите и професорите и нивно процесуирање.
Зголемување на средствата од буџетот на Србија за материјалните трошоци на државните високошколски установи за 20 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




