Белград го добива популарното „Хард Рок Кафе“ кое многумина го чекаа
Објавено во: Економија 29 Август, 2025 21:32
По години најави и чекање, познатиот светски бренд конечно ги отвора своите врати во главниот град на Србија.
Хард Рок Кафе е познат низ целиот свет како место каде што музиката, добрата храна и енергијата на публиката се спојуваат во уникатно искуство, а сега Белград ќе застане рамо до рамо со светските метрополи кои веќе го имаат овој култен бар.
По повод отворањето, бараaт амбициозен тим кој ќе биде дел од лансирањето на овој легендарен бренд во Белград од првиот ден! Уште во 2016 година беше најавено дека Хард Рок Кафе ќе биде отворен на Обилиќевска венец, но поради проблеми со просторот и сопственоста, плановите беа запрени, пренесува bizlife.
Сè уште не е познато каде ќе се наоѓа Хард Рок Кафе, но се очекува дека оваа информација наскоро ќе биде објавена.
Што е Хард Рок Кафе?
Првото Хард Рок Кафе е отворено во 1971 година во Лондон, а оттогаш се прошири во повеќе од 70 земји, со ресторани и хотели на најатрактивните локации во светот.
Она што го издвојува не е само американската кујна и коктелите, туку и легендарната колекција на гитари, костими и предмети од најголемите светски ѕвезди како што се Елвис Присли, Џими Хендрикс, Мадона, па сè до современи изведувачи. Секое Хард Рок Кафе има свој уникатен печат, но и дел од глобалната приказна што ја слави рокенрол културата.
Покрај храната и пијалоците, Хард Рок е познат и по концертите во живо и атмосферата што ја комбинира енергијата на концертот со пријателството на ресторанот. Препознатлив е и нивниот „мерч“, маички, дуксери и сувенири со логото на градот каде што се наоѓа кафулето, што колекционерите и туристите го обожаваат.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




