БЕРБАТА НА КАКАО ЌЕ БИДЕ ПОДОБРА ОД ПРЕТХОДНО: Сепак чоколадите нема да поевтинат
Објавено во: Економија 19 Август, 2024 19:01
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат. Бербата почнува веќе во октомври.
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони. Сепак, тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Чоколадите веќе поскапеа, а и какаото во маркетите има повисоки цени. И српските медиуми неодамна пишуваа дека цените на чоколадите се зголемиле.
foto freepik.com/mihaimaria
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




