20 Декември, 2025
0.1943

Берлин кон Португалија: „Средете ги работите во својата куќа“

Објавено во: Свет 09 Април, 2013 14:45

Добивај вести на Viber

Официјален Берлин побара од португалиските политичари сами да си ги средат состојбите во државата и посебно во економскиот сектор. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги предупреди Португалците дека треба „да си ги средат работите во својата куќа“. Ваквата реакција на Германија доаѓа по решението на Уставниот суд на Португалија со кое како противуставни беа отфрлениострите мерки за натамошно кратење на буџетското трошење и за остра финансиска политика, кои ги бараат кредиторите од ЕУ и ММФ, за да се избегне банкрот на земјата. Одлуката на португалскиот Уставен суд и неприфакањето на економско-финансиските мерки на Владата за надминување на продолжената криза во земјата, може да покрене ново бранување во целата зона на единствената валута и нова криза на еврото. Германија бара не само од Португалија туку и од друготе земји кои ги преземаат обврските за драстично намалување на јавната потрошувачка со парите кои им се доделеуваат за покривање на нивната неликвидност, да се придржуваат на обврските кои веќе ги имаат преземено. Португалската Влада најави нови мерки, оправдувајки се дека без пари од надвор не може да се излезе од кризата и да се стабилизира домашниот финансиски систем.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја