24 Април, 2024
0.0254

Берлускони сеуште пожелен за сопруг-новата девојка сака да го венча

Објавено во: Стил 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Девојката на Силвио Берлускони, Франческа Паскале (28), сака да се венча со поранешниот италијански премиер и во интерјву за едно списание рече дека тој и бил привлечен уште додека била тинејџерка.

Берлускони, кој в недела ќе наполни 77 години, се разведува од својата втора сопруга Вероника Ларио, со кој се венчаше во 1990 година, и заедно имаат три деца.

- Бев малолетна кога сфатив дека многу ми се допаѓа, вели Паскале, а дел од нејзиното интервју кое ќе биде објавено во утрешното издание на Венити Феир, обајвен е на интернет страницата на списанието. Фотографија од двојката ќе ја краси насловната страница на последниот број на Венити Феир.

- Го повикав надвор, му се додворував, постигнав да се вљуби во мене и на крајот станав негова девојка. Всушност се сама направив и сега само преостанува да ми одговори „да“, рече таа.

Паскале, која израснала во Наполи за списанието откри дека Берлускони го запознала кога имала 21 година. Била соосновачка на клубот кој дејствувал под името „Силвио, ни недостасуваш“, откако го изгубил премиерското место во 2006 година.

- Веднаш го прашав дали може да му го дадам својот телефонски број и го побарав неговиот, на што тој ми одговори: Безскруполозна си.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган