Бернанке: Да се зголеми лимитот на американскиот долг
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2013 09:58
За да се избегне опасноста од катастрофален банкрот, треба да се зголеми лимитот на долгот на САД, вака претседателот на Управата за федерални резерви на САД Бен Бернанке ги повика американските законодавци да помогнат за подобрување на состојбата во земјата.
На настан спонзориран од Универзитетот во Мичиген, Бернанке го спореди Конгресот со семејство, кое смета дека може да го зголеми кредитниот рејтинг ако одлучи да не ги плаќа сметките за кредитната кратичка.
Шефот на Федералните резерви истакна дека укинувањето на ограничувањата за заемите не значи и одобрување на нови државни трошоци.
- Навистина е многу важно Конгресот да ги преземе неопходните активности, за зголемување на ограничувањето на долгот, изјави Бернанке.
Плафонот на долгот на САД треба да биде зголемен над сегашното ниво од 16,4 билиони долари до средината на февруари, со цел да продолжи финансирањето на годишниот дефицит од 1 билион долари, се наведува во соопштение на буџетската служба на Конгресот, јави ДПА.
Републиканците во Конгресот се заканија дека ќе го обврзат секое зголемување на лимитот на долгот со барање за намалување на трошоците.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




