Берзите стануваат малку еуфорични
Објавено во: Анализа 30 Мај, 2013 08:52
Мерено пред една недела. Ниво од скоро 5, или како што го нарекле ниво на еуфорија. Време кога треба да се подразмисли дали да се земе профитот. И можеби на најголема мака се оние кои сеуште чекале во пари и најверојатно ги боли што немаат никаков ќар. Според ова доколку сега се решат да да се активираат, може многу да погрешат.
И за оваа цел, уште еден доста индикативен графоикон. Индексот на Мерил Линч за принос на европски неквалитетни хартии од вредност. Имајте на ум дека ова е принос за хартии од вредност кои се доста ризични:
Иако доста ризични пазарот ги сака. Како што расте нивната цена, така паѓа нивниот принос. Како што гледате најризичните хартии имаат најнизок принос во изминативе 20 години. Апетит за инвестирање очигледно има, сега ќе мора да чекаме да видиме до кога.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





