25 Март, 2025
0.0600

БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ, НО НИКОГАШ НЕ БЕШЕ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР: Топ 10 улоги по кои Доналд Сатерленд ќе остане запаметен

Објавено во: Свет, Стил 21 Јуни, 2024 06:32

Добивај вести на Viber

На 89-годишна возраст почина познатиот актер Доналд Сатерленд, а тажната вест на социјалните мрежи ја објави неговиот син Кифер.

Доналд ја започна својата кариера кон крајот на 1960-тите, а подоцна одигра многубројни улоги во иконите филмови и серии.

Еве некои од најзначајните улоги на Доналд Сатерленд:

„Дванаесетте обележани“

Дејството на овој филм се одвива за време на Втората светска војна, а Доналд го толкуваше ликот на Пинкли. Дванаесет осуденици се впуштаат во многу опасна авантура, а оваа улога била отскочна даска за кариерата на Сатерленд.

Благодарение на овој филм, тој беше забележан од многу режисери и почна да добива понуди за нови ангажмани.

„М*А*С*Х“

Овој антивоен сатиричен филм доби бројни награди и признанија, а го режираше Роберт Алтман. Доналд Сатерленд во овој филм го толкуваше ликот на капетанот Бенџамин Френклин „Hawkeye“ Пирс, а оваа улога го направи ѕвезда.

„Не се врти“

Станува збор за британско-италијанска хорор драма од 1973 година. Главните улоги ги играа Џули Кристи и Доналд Сатерленд, а оваа продукција ја режираше Николас Рог, по кого беше именуван еден од синовите на Доналд.

Овој филм денес се смета за еден од култните класици и еден од најзначајните хорор филмови.

„Обичните луѓе"

Овој филм е режисерско деби на Роберт Редфорд, а фактот дека еден од синовите на Доналд го добил неговото име покажува дека неговата соработка со Редфорд му останала во драго сеќавање. Сатерленд го толкуваше ликот на Келвин Џерет, татко кој се бори со семејна трагедија, во „Обични луѓе“. Многумина веруваа дека тој требаше да добие Оскар за оваа улога.

„Гордост и предрасуди"

Во овој филмски класик, заснован на истоимениот роман на Џејн Остин, Доналд Сатерленд го толкуваше ликот на г-дин Бенет.

Покрај него, значајни улоги во овој филм имаа Кира Најтли, Метју Мекфадиен, Бренда Блетин, Розамунд Пајк, Том Холандер и други.

„Шест степени на одвојување“

Ова достигнување од 1993 година е приказна за теоријата дека кои било двајца луѓе се поврзани со синџир до шест лица.

Покрај Сатерленд, во овој филм играат и Стокард Ченинг, Иан Мекелен, како и Вил Смит, кому ова му е една од првите улоги.

Доналд Сатерленд Фото: Movie Star News/MSN via ZUMA Pre / Shutterstock Editorial /

„Време да се убие“

Доналд во овој филм го толкува ликот на Лусиен Филбенкс, а интересно е што во овој филм глуми и неговиот син Кифер, заедно со Сандра Булок, Семјуел Ел Џексон, Кевин Спејси и Метју Меконахи.

Случајот со ладнокрвното убиство на двајца белци од страна на црнец предизвикува гласно политичко ехо во САД, а Сатерленд глуми разочарана адвокатка која го советува својот ученик како да му пристапи на случајот.

„Игри со глад“

Во популарната франшиза снимена од 2012 до 2015 година, Сатерленд го толкуваше ликот на претседателот Кориоланус Сноу.

Оваа улога му донесе популарност и кај помладата публика.

„До ѕвездите“

Во овој филм снимен во 2016 година, Доналд го толкуваше ликот на полковникот Томас Пруит.

Покрај него, тука главните улоги ги толкуваат Бред Пит, Томи Ли Џонс, Лив Тајлер, Џон Ортиз и други.

„The Breakdown"

Во мини-серијата „The Breakdown“ со Хју Грант и Никол Кидман во главните улоги, Сатерленд го толкуваше ликот на Френклин Рајнхард.

Френклин е богат татко на главниот лик, а неговата улога внесе дополнителна мистерија и ги збуни гледачите желни да откријат што се случило и кој е виновен за убиството.

Во текот на својата повеќедецениска кариера, Доналд Сатерленд доби голем број признанија и награди. Доби два Златни глобуси за најдобра споредна машка улога за филмовите „Икс-граѓанин“ и „Пат кон војна“. 

Иако никогаш не добил Оскар за улога, тој доби почесен Оскар за животно дело во 2017 година.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат

ЦЕНАТА МУ Е ПОМАЛКУ ОД 5 ЕВРА, НО ОВОЈ ПРОИЗВОД E ЧЕСТА МЕТА НА КРАДЦИТЕ: Ова е причината зошто толку многу го крадат

НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

НЕ ЗАПИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТРУЦИЈА: Дали злосторство на Екрем Имамоглу е тоа што го победи Реџеп Таип Ердоган на изборите?

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ИМААТ ВОЗАЧКА ВО НЕКОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: ЕУ ги менува правилата

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН - луѓето на Трамп по грешка ставиле новинар во доверлива група и му откриле детали за воените планови

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ПРОМЕНЕТ ИЗГЛЕДОТ НА НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ! Нема веќе фалсификување, еве што ставаат во него

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ТРАМП: Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина

ЗЕЛЕНСКИ ДО ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Уште ве чекаме во Украина

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден

ДУРИ 100.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКА: Предизвикуваат тешка зависност

ДУРИ 100.000 ЛУЃЕ ГОДИШНО УМИРААТ ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКА: Предизвикуваат тешка зависност