Беше страшно, не смееш ни дома ни надвор: Јелена Јованова за Женскки магазин за земјотресот во Загреб
Објавено во: Стил 24 Март, 2020 20:49
„Живи сме, тоа е најбитно. Штетата ќе се среди“, ни изјави актерката Јелена Јованова по силниот земјотрес кој завчера го погоди Загреб. Јелена неколку години живее во Хрватска со сопругот Стјепан Периќ, кој е исто така актер.
Јованова, кај домашната публика популарна по улогата на рецепционерката Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ , вели дека во текот на завчерашниот ден долго немале струја.
„Бевме без струја долго време. Ужасно и страшно и ненормално и парадоксално е сето ова. Не смееш ни дома, ни надвор. А на луѓето, вчера во очите им го видов она чувство: Короната ќе се реши некако, но против ова не можеме никако“, го сподели Јелена своето искуство извинувајќи ни се што доцна одговара на пораката.
Целиот текст на Женски магазин, овде.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





