27 Април, 2024
0.0285

Бесими: Дефицитот догодина ќе се преполови,во 2025 ќе се сведе на 2,1 oтсто од БДП

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Од следната година буџетскиот дефицит ќе се намалува, за да до 2025 година се сведе на 2,1% или под Мастришкиот критериум. Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на дебатата на МТВ за Буџетот 2021, на која учествуваат и претседателот на Владата Зоран Заев и економски експерти.

-Имаме неколку цели кои се ургентни - едната е здравјето на граѓаните, понатаму економијата да се одржи и третото е сите други процеси кои се важни вклучително на евроинтеграциските процеси и водење на правото, потоа инвестирањето во човечки ресурси кои ои ќе бидат двигатели на долгорочниот раст - рече Бесими.

Министерот за финансии посочи дека фискалната консолидација ќе се изврши преку дејствување и приходната и на расходната страна. Од аспект на подобрувањето на наплатата на приходите во буџетот Бесими ги посочи мерките за намалување на сивата економија, за спречување и сузбивање на корупцијата, понатаму зајакнати инспекциски контроли од страна на Управата за јавни приходи, мерки за наплата на даночниот долг од страна на поединци и трговски друштва и стратегија за даночна политика која ќе ја зголеми ефикасноста и ефективноста на даночниот систем

Во однос на намалувањето и реструктуирањето на расходите Бесими посочи дека ќе се спроведе преку кратење на неприоритетните и несуштинските трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор, иновациите и зајакнувањето на конкурентноста, како Гарантниот фонд и фондот за мобилизација на приватен капитал, рационализација и ревидирање на трансферите и субвенциите (социјалните, секторските и локалната власт), големување на ефикасноста на реализација на капиталните расходи и анализа на буџетската структура.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба