Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023 20:14
Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Вин Вин“ вечерва на Телма рече дека Владата е во преговори со државна агенција на САД која би помогнала во финансирањето на изградбата на автопатите од Коридор 8 и 10д од страна на изведувачот Бехтел и Енка.
Според министерот, и за тоа ќе треба да се изгласаат посебни законски решенија во Собранието. Во моментов се водат преговори со неколку кредитори кои би помогнале да се реализира овој проект, чие финансирање засега зависи само од државниот буџет.
- Ние сме во комуникации со EXIM (експорт-инпорт) банка, која е државна банка од САД, како и со државната банка на Велика Британија, а разговараме и со друг конзорциум тоа да го финансира. Од аспект на државни трошоци, ќе гледаме тоа да биде најоптимално, откри Бесими.
Од овој аспект, Бесими додаде дека во покривањето на „буџетската дупка“ ќе помогне и издавањето на најавената граѓанска развојна обврзница од 50 милиони евра, за која како што вели, има согласност и од домашните деловни банки.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




