БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ: Неповратен грант за жени што формирале фирми
Објавено во: Економија 17 Мај, 2020
Владата ќе дава
бескаматни кредити во износ од 31 милион евра за фирми кои се формирани од жени
или од млади лица, преку Развојната банка, со цел воведување дигитализација и
иновативност во нивната работа.
Крајната цел е секако, како што истакна премиерот Спасовски, да се задржат постојните работни места и да се отворат нови. Мерката, додаде Спасовки, се однесува за сите микро и мали приватни компании, а компаниите кои ги формирале жени или млади лица, ќе добијат и неповратен грант.