02 Мај, 2024
0.0407

Беснило е опасен и смртоносен вирус, како да го препознаете и од кого да стравувате?

Објавено во: Анализа 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Последната информација за појава на беснило кај мачка во скопско Радишани, создаде паника кај луѓето во однос на опасноста по здравјето на човекот од овој вирус. Беснилото е вирус кој се вбројува во редот на смртоносни заболувања не само кај животните туку и кај луѓето. Од животно на човек се пренесува преку касање, гребење и лижење. Вирусот се наоѓа во плунката на животното.
-Пренесувањето не може да биде со погалување,  туку исклучиво со повреда, значи оштетување на кожата на човекот од страна на животното и контакт на тој дел од кожата со плунката на животното. Кај човекот може да предизвика смрт, доколку навреме не се реагира. Овој вирус го напаѓа и прави воспаление на нервниот систем , таму се размножува и  почнува да го оштетува мозкот. Тој не се шири преку крвта туку преку нервниот систем, вели Жарко Радовиќ, доктор по ветеринарна медицина.
Вирусот на беснилото припаѓа на родот Lyssavirus, фамилијата Rhabdoviridae, групата РНК вируси. Освен преку каснување, лижење и гребење, болеста може да се пренесе и кога плунката ќе дојде во директен контакт со слузокожа или свежа рана. Болеста не се пренесува преку конзумирање на сурово месо или други ткива од заболено животно.Засега не е забележано пренесување на болеста од човек на човек. Кои се симптоми на болеста Експертите предупредуваат дека доколку не се реагира брзо со соосдветна терапија која делува успешно во лечењето, болеста може да биде фатална за човекот. Првите симпотми кај луѓето се зголемена телесна температура, болка или вкочанетост на местото на повредата, кои обично се јавуваат за 20 до 90 дена по изложувањето на вирусот. Но можно е да се јават и симптоми кои пак се специфичи и за други болести, како кашлање, треска, болки во стомакот, пецкање, вонемиреност. Затоа експертите велат дека секогаш кога постои сомнеж за присуство на вирусот да се направат соодветни анализи, врз основа на кои потоа ќе се одреди терапијата.  Кога вирусот се размножува во мозокот, почнува да прави воспалување, а во случаи кога се работи за фуриозно беснило се јавува страв од вода и водух. Кај угинати животни вирусот може да опстане и до 48 часа. Отпорен е на најголем број средства за дезинфекција, осетлив е на сапун и јодни препарати. Во Европа лисицата е  главен преносител на беснило Истражувањата покажале дека главен преносител на вирусот на беснилото е лисицата. Таа го пренесува вирусот на други домашни, диви животни и човекот, освен на птиците. Во Азија, делови од Америка и поголем дел од Африка преносител на вирусот се кучињата, додека во Америка лилјаците, ракуните, творовите и лисиците. Кај животните првите симптоми не се специфични и е карактеризираат со намален апетит, промена на однесувањето,треска, но подоцна симптомите се менуваат. Така кај дивите животни се јавува атипично однесување, отсуство на страв, шетаат преку ден и не се плашат од луѓето. Кај домашните животни пак се јавува плашливост, вознемиреност, агресивност, чуствителност на звуци, невообичаено лаење и завивање, зголемено лачење на плунка и појава на пена на устата. Токму тоа е атипично однесување на дивите животни е преставува најголема опасност за луѓето. Така на пример лисицата понекогаш знае да залута во урбана средина, села, приградски населби, кога ќе ја види некој човек така питома ќе и се доближи да ја погали, а всушност токму во тој момент таа е најопасна. Беснилото е поприсутно кај дивите животни, токму  таа дива бариера  не штитти да се префрли од дивите животни на домашните животни и крајно на човекот. Подеднакво подложни на вирусот се мачката и кучето, односно сите цицачи, и кравите,козите,овците, коњите, сите тие можат да заболат од беснило. Како поголема опасност ја сметаме појавата на беснило кај  месојадите поради можните каснувања, и затоа на нив се обрнува похголемо внимание. Кравите ,овците, козите можат да фатат беснило, но тие имаат поразличен начин на живеење и оденсување, кога крава би  каснала човекот, речиси никогаш логика, вели Радовиќ, Во Македонија како и секаде во светот превенцијата од оваа болест се врши со вакцинирање на животните, кое е законски регулирано и задолжително и за домашните миленичиња. Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува вакцинација на дивите животни (лисиците) двапати годишно. Единствен начин да се спречи појавата на болеста кај човекот е со примена на навремен и соодветен третман.
-Ние апелираме да се вакцинираат задолжително и домашните миленичиња, тоа е и законска обврска. Во јавноста се зборува дека во Македонија  немало беснило од 1978 година, но тоа не значи дека не треба животните да се вакцинираат, тоа е постојано пристуно. И таа вакцина не се става само за заштиа на животните, туку и за прекинување на синџирот за нејзино пренесување на луѓето, но сепак поради тоа што се работи за смртоносен вирус,  најмногу за заштита на човекот. Сега со заштита се оди и подлабко, така последниве две години имаше проекти и за вакцинација на лисиците и тоа е добро и е  начин како да се редуцира и крајно искорени беснилото, но за тоа треба да се свесни сите држави, а тоа некои земји успеваат да го направат на пример Австралија, Исланд и други, но останатите земји само се борат и го држат на некој начин под контрола. Кучињата скитници кои се заловуваат се прегледуваат и се вакцинираат, но проблем се мачките оти многу потешко се заловуваат и тоа е секаде проблем. Кај нас нема заловување на мачки,  бидејќи со оглед на тоа колку се диви мачките, заловувањето е невозможно, објаснува Радовиќ.
Соред официјалните податоци, во светот околу 55.000 луѓе годишно умираат од беснило ширум светот. Најголем број од овие случаи се во Азија и Африка, во Европа беснилото е присутно во Бугарија, Естонија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово. Во Македонија првиот позитивен случај на беснило е регистриран на крајот на јули 2011 година кај лисица во регионот на Велес. Заклучно со април 2012 година регистрирани се вкупно 8 случаи на беснило кај дивите животни (лисици и волци) во околината на Велес, Виница, Кочани, Гевгелија, Македонска Каменица и 1 случај кај домашните животни (мачка) во околината на Радовиш. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад