ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО
БЕСПЛАТНИ ЕХО-КАРДИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ДЕЦА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2023 13:30
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денеска, по повод светскиот ден на срцето, беа направени бесплатни педијатриски ехо-кардиографски прегледи. Иницијативата е дел од определбата на болницата постојано да биде столб за одржување на здравјето на сите пациенти.
Педијатрискиот
оддел со сите функционалности, стручноста на докторите и опременоста е дел од
стратегијата за сериозна грижа за децата. Прегледите ги направија специјалисти
педијатри од Одделот за детска кардиохирургија, која функционира во рамки на
болницата.
„Аџибадем Систина“ постојано вложува во подобрување и осовременување на услугите што болницата ги нуди кога е детското здравје во прашање. Одделот за педијатрија има амбулантски дел со дневна болница и педијатриски ургентен центар, како и неколку хоспитални оддели (педијатрија, неонатологија и детска кардиохирургија со интензивно лекување). Таму годишно се изведуваат над 15 илјади специјалистички прегледи.
Болницата располага со најсовремени дијагностички процедури, но и со опрема од најновата генерација, со што децата добиваат исклучителна грижа, брза дијагноза и ефикасен третман.
Светскиот ден на срцето се одбележува традиционално на 29 септември секоја година.
Во време на пораст на срцевите заболувања, „Аџибадем Систина“ посветено се вклучува во активностите за будење на свесноста кај граѓаните за редовни прегледи и практикување поздрав начин на живот.
пр објваМожеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




