Бесплатни новогодишни концерти во регионот: Најлудо во Дубровник, Будва и Пореч
Објавено во: Стил 15 Декември, 2018 12:50
Градовите во нашиот регион се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе пари за новогодишните прослави на улиците, но истовремено добро е што славениците ќе може бесплатно да уживаат на плоштадите.
Доминантни се некои од веќе познатите дестинации на Нова Година, особено на јадранскиот брег. Дубровник ќе потроши повеќе од 80.000 евра за концерти пред и по Нова Година на кои ќе учествуваат Прљаво Казалиште, Soul Fingers, Хладно Пиво, Жељко Бебек и Џипси Кингs, како и Нина Бадриќ и Тони Цетински.
Во Сплит ќе бидат поскромни, бидејќи тие за концертот на Нова Година на Јасминa Ставросa и групата Магазин градот ќе исплати 60.000 евра. Во Пореч на главниот плоштад ќе се појави Здравко Чолиќ. Таму се очекуваат околу 10.000 присутни, но колку ќе се плати за настапот на мегаѕвездата е мистерија. Сепак се знае дека во изминатите години, Чолиќ наплатувал околу 100.000 евра за новогодишните концерти. Минатата година, тој настапи во Сараево, каде што оваа година ќе пее Хари Мата Хари. Во Белград за новогодишната ноќ ќе се појави Бајага, кој обично за вакви концерти има тарифник 50.000 евра.
Во Будва, која е позната на далеку и широко како најдобра дестинација за да се прослави Нова Година на отворено, на програмата се Марија Шерифовиќ, Халид Бешлиќ, Дино Мерлин и Партибрејкерс за околу 100.000 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





