Бесплатно им цртам веѓи на жените болни од рак: Хумана мисија на шминкерката Ивана
Објавено во: Стил 14 Декември, 2018 09:10
На жените кои се на хемотерапија или боледувааат од алопеција, козметичарката и шминкерка Ивана Атанасовска-Николовска од Скопје им подарува бесплатно јапонско исцртување на веѓи.
Повеќе од две години, класичното разубавување на клиентките не е нејзин единствен опис на работата. Ивана реши на својата професија да ѝ даде хуманитарен карактер, и да им помогне на дамите кои на било каков начин ги загубиле веѓите повторно да се чувствуваат убаво и да си ја вратат самодовербата. Инспирација ѝ е нејзината мајка, која ѝ самата била болна од карцином.
„ Пред четири години, кога ја завршив обуката за овој тип на веѓи прво ѝ ги направив веѓите на мајка ми. Два месеци по обуката, мајка ми заболе од рак на дојка. По извесно време, по хемотерапијата, ѝ паднаа сите влакна. Решив да ја израдувам и да ја охрабрам со тетовирани веѓи“, ни раскажа Ивана.
Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





