27 Април, 2024
0.0273

Бетон-комбинација за скопска Цементарница! Како успеа да направи 25 милиони евра профит?

Објавено во: Економија 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Клучно за успехот на компанијата која лани произведе и продаде цемент за 85,3 милиони евра е тоа што успеа значајно да ги намали трошоците за суровини и други материјали. На тој начин иако продажбата е на ниво како и од 2022 година „Усје“ успеа да го зголеми профитот за 46 отсто. 

Скопската Цементарница „Усје“ ја има една од своите најдобри деловни години. Официјалните податоци од консолидираниот финансиски извештај покажуваат дека добивката на оваа голема македонската компанија лани изнесува 24,8 милиони евра. Лани во споредба со претходната година добивката на „Усје“ пораснала за 46 отсто и тоа е резултат за особена почит особено ако се има во предвид дека е остварен во услови на намалени приходи од дејноста.

Клучот на успехот на оваа компанија е во тоа што лани успеа значајно да ги намали своите оперативни трошоци и со тоа направи услови за солиден раст на профитот.

Да почнеме со ред...

„Усје“ минатата година успеа да призведе и да продаде цемент вреден 85,3 милиони евра. Заедно со останатите приходи од деловното работење оваа компанија успеа да направи вкупен приход од продажба вреден 102,1 милиони евра. Од тоа на домашниот пазар беа пласирани производи вредни 65,7 милиони евра, а извозот беше 36,4 милиони евра.

Клучен генератор за успехот на компанијата лани беа намалените расход од дејноста. Кај главната расходна ставка – трошоците за суровини и други материјали компанијата успеала да заштеди 12,5 милиони евра односно 22 отсто во однос на 2022 година. Во 2023 година за оваа намена биле потрошени 43,7 милиони евра.

Оперативната добивка за минатата година изнесува 27,38 милиони евра и е повисока за 45 отсто од претходната година.

Дополнителен бенефит компанијата остварила и со преполовувањето на финансиските расходи во однос на 2022 година. Лани тие изнесуваа 433.500 евра што е за 47 отсто помалку од претходната 2022 година.

Кај билансот на состојба на оваа компанија е важно да се истакне дека компанијата ги намалила побарувањата, а истовремено се снижени и обврските за 7 отсто и изнесуваат 18,9 милиони евра.

Лани вредноста на постројките и опремата е зголемена за 11 отсто и тие вредат 20 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба