БЕЗ ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦИ: 25 милиони луѓе од вчера можат слободно да патуваат низ Европа
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2025 06:30
Вкупно 25 милиони жители на Бугарија и Романија сега им се придружија на речиси 450 милиони граѓани на Европската унија кои веќе уживаат слобода на движење во Шенген зоната, откако официјално беа укинати контролите на копнените граници.
Ова беше долгоочекуван момент, бидејќи двете земји станаа членки на Европската унија пред 17 години, додека преговорите за влез во Шенген зоната започнаа уште во 2011 година.
– Кога Европската комисија во декември им даде зелено светло на овие земји, тоа беше важен сигнал за граѓаните дека сега можат да се чувствуваат како полноправни членки на Европската унија – рече функционерот.
Шенген зоната, основана во 1985 година, сега вклучува 29 земји, главно членки на ЕУ, но и некои земји кои не се членки на ЕУ, како што се Исланд и Швајцарија.
Жителите на Романија и Бугарија до вчера мораа да чекаат во долги редици на 30-те копнени гранични премини меѓу нивните земји, додека минуваа низ официјални контроли.
За Бугарите и Романците, тоа значи дека сега можат да патуваат со автомобил во Франција, Шпанија или Норвешка без пасош. Возачите и патниците повеќе не мора да покажуваат лични документи, а возилата можат да поминуваат без преглед.
Сепак, во првите шест месеци ќе се вршат случајни проверки на патниците на границите за да се спречат криминални активности, со посебен фокус на поголемите возила.
Оваа промена би можела да значи и дека повеќе Европејци ќе ги посетат Романија и Бугарија, носејќи со себе нова генерација туристи.
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




