06 Мај, 2024
0.0245

Без делби, на ваши и наши!

Објавено во: Колумни 13 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Изминативе денови седев во друштво со моите пријатели и им раскажав една приказна која ја прочитав во книгата ,,Копилето од Истанбул” од авторката-Елиф Шафак,  и која отприлика одеше вака “еден арап отишол на бербер да се потшиша, и откако завршил прашал колку е должен, на што берберот му одговорил ништо, вршам општествена должност. Другиот ден берберот пред својот дуќан затекнал еден пакет урма, како знак на благодарност. Другиот ден на бербер отишол еден турчин, накого исто така берберот не му наплатил, а овој за возврат утредента пред врата му оставил пакет локуми. Некој нареден ден на бербер отишол ерменец, на кого исто така нему наплатиле за услугата. Другиот ден пред берберницата чекале десeтина други луѓе.“ Сите имаа речиси идентично видување за настанот.  Дека Ерменците се слични како нас Македонците, дека само чекаме нешто да добиеме на вересија.  Толку ли сме циции, или пак сиромаштијата си го направила своето, за толку да немаме самопочитување и никаква гордост. Затоа можеби и моите пријатели  без резерва и без двоумење го прифатија само овој аспект на приказната. Но поентата на приказната беше сосема друга! Тоа што десетина Ерменци чекаат пред берберницата не значи само дека тие сакаат га-га шишање, туку тоа покажува една убава особина, а тоа е дека добрата вест брзо си ја пренесуваат едни на други, односно дека се поддржуваат, и оти постои сплотеност. Нешто што морале да го направат бидејќи историјата била немилосрдна кон нив, а малкумина го преживеале геноцидот некаде на почетокот на минатиот век. Е тука ние, македонците се разликуваме, и токму затоа предходната негативна перцепција за нас ни беше нешто нормално, и не се противевме. Тешко дека ние добрата вест ќе ја пренесеме толку брзо на другите, дури токму спротивното  ако треба секој ден ќе се “подстрижнуваме“ ама на другите нема да им кажеме! Ја знаете онаа народната,, Да му умре козата на комшијата,, Чабе кампањи кои го промовираат соживотот или за подигање на свеста на поединецот , кога сите ние паѓаме на испитот кога е најпотребно. Но одговорноста е на сите нас, бидејќи и ние самите не се трудиме доволно да создадеме позитивни приказни кои потоа ќе се пренесуваат. Сплотеноста и поврзаноста ни се потребни во секоја ситуација, а не само кога сме добри и кога имаме успех, тука  е мудроста.  Во поразите треба да црпите сила и желба за напредок, независно колку силно тие не разочаруваат. Национализмот по дефиниција не е мразење на другите етникуми, туку напротив, ценење на сопственото и желба за напредок. Потребна ни е сплотеноста каква што во горенаведениот пример ја имаат Ерменците. Да се сакаме себеси , а и другите. А не да си посакуваме лоши работи едни на други. Но, се се менува! Па дури и вкоренети појави. И нашата моментална ситуација не е поинаква од таа на Ерменците, односно, да би можеле би не збришале од земјината топка. Токму поради тоа треба да се менуваме, повеќе да се грижиме за себе, но вистински, без  лажен патриотизам. Без делби на наши и ваши, на антички или словенски, зошто сите сме наши! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина