Без добар кадар нема квалитетна услуга, скоро секој хотел или ресторан во Србија бара работници

Објавено во: Економија 24 Април, 2023 17:34
Во Србија недостигаат 5.000 туристички работници.
Скоро секој хотел или ресторан во Србија бара работници. Работодавците најмногу бараат готвачи, келнери, рецепционери, собарки. Српските граѓани не сакаат да работат за 500 евра и заминале надвор од земјата. Статистиката покажува дека околу 50 отсто од работниците од хотелиерството заминале во други дејности, а половина работат во странство. Ова го тврди Георги Генов, директор на Деловната асоцијација на хотелиери и ресторани на Србија (Хорес). Тој објаснува дека во 2020 година овој сектор од 19.000 вработени во хотелиерството во околу 360 хотели се намалил на околу 13.500 работници.
„Значи, 5.000 луѓе помалку работат во хотелиерството, што е проблем. Ја вршат работата, но има голем замор кај вработените и не може да се обезбеди квалитет кога се во прашање хотелите“, вели Генов, пренесува Танјуг.
Во март во Заводот за труд се евидентирани 14.123 невработени лица од областа на угостителството и туризмот, но експертите наведуваат дека тоа не се занимања што недостасуваат во секторот. Во тие 14.000 невработени има и келнери, собарки, готвачи, но нема да работат за мали плати, поисплатливо им е да бидат невработени, затоа што добиваат некаква помош од државата.
Хрватска има потенцијал, нуди поголеми плати и прима работници од целиот регион.
Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVICМожеби ќе ве интересира
АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска
