ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела
Објавено во: Економија 30 Март, 2025 16:37
Фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, ќе започне со работа во индустриската зона во Штип од следната недела, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски.
Фабриката за интегрирани системи од механички и електронски компоненти во автомобилската индустрија изградбата и инвестирањето го започна пред две години, кога беше најавено дека таму ќе се делат плати над националниот просек.
-Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме некои петнаесетина што се во процес на развивање и очекувам од тие најмалку половината да бидат успешни, ако не и сите. Со задоволство можам да кажам дека оваа недела ќе почне со работа фабриката, производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 - 600 вработени, добро платени вработени и со инвестиција што беше 45 - 50 милиони евра, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на струмичко Ново Село.
„Магна“ е корисник на директна државна помош како странски инвеститор во технолошко-индустриските слободни зони.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




