05 Декември, 2025
0.0484

Без конкуренција: Никој не може да им одолее на дамите родени во овој хороскопски знак

Објавено во: Општо 02 Јануари, 2019 13:21

Добивај вести на Viber

Дамите родени во овој знак се љубопитни, комуникативни, духовити и едноставно брилијантни. Едноставно не постои отворање на изложба, театарска премиера или каков било друг значаен настан што тие би го пропуштиле. Затоа и овие жени често се вработуваат во областа на медиумите за масовна комуникација.

Станува збор за жените Близнаци.

Тие се непредвидливи и својата социјална и љубезна маска можат многу брзо да ја заменат со дистанцирана и арогантна. Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално.

Нивната непрекината желба за новини има негативно влијание на буџетот и често води кон ексцентричен изглед што истовремено е и резултат на егзибиционизмот што е типичен за Близнаците. Тие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој.

Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак – штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: