18 Декември, 2025
0.2553

БЕЗ МАШИНОВОЗАЧ, ЦЕЛОСНО АВТОМАТИЗИРАНО И НАЈМОДЕРНО - утре почнува изградбата на белградското метро

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2021 14:56

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали објави дека утре е историски ден за Србија и Белград, со почетокот на изградбата на белградското метро, јави дописникот на МИА од Белград.

„Се е подготвено за утре, понеделник, 22 ноември, официјално да започне проектот за изградба на белградското метро, на Макишко поле“, напиша на Инстаграм министерот Мали, истакнувајќи дека тоа е „историски ден што генерации граѓани го чекале“.

„Многу власти пред нас имаа планови за изградба на метро, но никој никогаш не направи ништо конкретно по тоа прашање. Ние, пак, долго време активно работиме на тој капитален проект кој е од големо, стратешко значење за Белград и Србија“, посочи Мали.

Тој најави дека метрото ќе биде најмодерно, целосно автоматизирано, без машиновозач.

„Кога ќе биде целосно завршена, првата линија на метро ќе ги поврзува белградските населби Железник и Мирјево, ќе биде долга 21,1 километар и ќе има 21 станица“, напиша Мали.

Тој додаде дека втората линија ќе ги поврзува Бежанија и Мирјево, ќе биде долга 21 километар и ќе има 23 станици, кои ќе се вкрстуваат на Савскиот плоштад.

„Првата линија на метро се планира да биде завршена во 2028 година, а втората во 2030 година. Со воведувањето на метрото во системот на јавен превоз се планира реорганизација на постојните линии на јавниот градски сообраќај“, додаде Мали.

Според него, усогласени се линиите на метрото со развојот на „БГ возот“, а планиран е и развој на четири линии на градската железница и три линии на приградската пруга.

„На тој начин ќе имаме многу поздрав град и животна средина, бидејќи ќе го намалиме бројот на автобуси и автомобили на улиците“, посочи Мали, додавајќи дека тоа со тоа ќе има интегриран железнички систем, кој се состои од метро, трамвај и БГ воз, со што ќе се решат проблемите во сообраќајот во Белград.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии