15 Јануари, 2025
0.0265

„БЕЗ ПОСРЕДНИЦИ, БЕЗ ПРОВИЗИИ, ТИЕ ШТО МИСЛЕЛЕ ДЕКА ОЛЕСНУВААТ ДА БАРААТ ДРУГА РАБОТА“ - еве што мислел Мицкоски на проблемите со кои се соочувал Лидл

Објавено во: Економија 15 Август, 2024

Добивај вести на Viber

„Видете, компанијата е тука присутна веќе повеќе години. Од тоа што ни беше презентирано, повеќе од стотина милиони евра веќе се инвестирани и наша цел е од процентот којшто ни беше претставен дека ќе бидат застапени македонски производи на рафтовите на компанијата, тој процент да дојде многу скоро до 50 проценти, сега не би зборувал кој е тој процент, но е далеку од тоа ние што го очекуваме како Влада. Ние очекуваме минимум 50 проценти таму да има производи македонски на тие рафтови од македонски компании“, подвлече Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија денеска одговарајќи на новинарско прашање со кои проблеми се соочувал менаџментот на компанијата „ЛИДЛ“.

Премиерот Мицкоски посочи дека има нагорен тренд на извозот производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа и потенцираше дека доколку се сака се може.

„Извозот кој што е сега добар, да речеме има нагорен тренд се дуплира, очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на два и пол милиона 2023 година, сега е 2024/2025 пет или шест милиони да биде извоз на производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа да биде зголемен, да биде 10, 50 зошто да не и 100 и ценам дека доколку се сака се може“, кажа премиерот.

„Очекувам дека македонските производители заедно со раководството на компанијата „ЛИДЛ“ ќе работат во насока на постигнување на квалитетот, на нормите што ги побарува компанијата за цена којашто е прифатлива за македонските граѓани“, рече премиерот Мицковски и додаде:

„Јас ги охрабрувам, а ние како Влада се што е во наша моќ ние ќе испорачаме, без посредници, без провизии, без дај ми нешто па јас го знам овој оној во таа општина па ќе ви завршам работата, такви работи нема да има повеќе, такви пречки ќе нема, ние како Влада застануваме и секој оној којшто до сега мислел дека е некаков си посредник за олеснување на некого ќе мора да бара друга работа“, рече премиерот.

Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови