„БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИЈА ИЛИ НАЦИЈА, СЕКОЈ МОРА ДА ОДГОВАРА“: ВМРО со контра реплика кон опозиционерите
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2025 16:57
Владејачката партија ВМРО - ДПМНЕ денеска со контра реплика на пресконференцијата на опозициската СДСМ.
- Почитувана јавност, СДС по 4 дена молк се јави со прес-конференција за тема која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справи, а истата беше поздравена и од ЕУ.
Дека СДС воопшто не знае каде тера, доказ е оваа денешна прес-конференција на СДС. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема афери, нема скандали, нема местени тендери, затоа е и молкот од СДС.
Да се потсетиме на времето кога СДС владееше, јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и недели за да се реагира по одреден случај, па дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и беа неми по тоа прашање. Дополнително, ако некој од осомничените беше од СДС или близок до врвот на СДС, со сигурност тој поединец не одговараше - нагласуваат од ВМРО.
Потоа додаваат дека за разлика од тогаш, денес кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, без помпезност, без прво јавноста и медиумите да дознаат, надлежните органи работат веднаш и се постапува по одредени сомнежи или докази за одреден криминал или корупција.
- Без разлика на партија или нација, секој што се огрешил пред Законот мора да одговара.
Разликата е евидентна. Затоа, по повод денешното појавување на СДС во јавноста, прашуваме дали Кузеска е сама во седиштето на СДС и излегува со вака неспремна изјава?
Повикуваме на реформи во СДС, на чело со Филипче - пишува во соопштението на партијата.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




