Безбедни неоперативни методи за решавање дискусхернии од д-р Африм Халими во Клиника Жан Митрев

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2024 12:31
За лекување на оштетувањата на ‘рскавичните перничиња на ‘рбетниот столб
познато уште како дискусхернија постојат и
безбедни, неоперативни методи кои се применуваат и кај нас. Во
Клиника Жан Митрев, на одделението за радиологија
д-р Африм Халими во третманите за дискусхернија и сите други
патологии на зглобовите, спроведува терапија со озон – неинвазивен метод со
којшто се лечат болестите на ‘рбетниот столб.
Оваа терапија е позната како најбезбедна минимално инвазивна процедура со цел комплетно справување со болките во грбот кои се појавуваат како резултат на оштетувањето дискусите. Сигурноста и безбедноста, го прави овој метод честа медицинска постапка која редовно се применува. При озон терапијата на интервертебралните, болните дискови со помош на игла се аплицира озон, гас кој прави оксидација на протеинот на дискот и предизвикува хернацијата да се повлече. Со повлекувањето на хернацијата се намалува притисокот односно волуменот на дискот и доаѓа до декомпресија на нервот, со што директно се влијае како на самата болка така и на патологијата.
Д-р Халими вели дека ова е метод со максимална сигурност, нема рез, туку целата процедура се прави со убод на тенка игла: „Процедурите се прават во ангио-сала, под монитор се следи движењето на самата игла до болниот диск и дури тогаш се аплицира озонот. Лекувањето е во амбулантски услови при што процедурата трае 30-45 минути. Пациентот истиот ден, веднаш по интервенцијата може слободно да се движи и да продолжи со секојдневните активности, но претпазливо и без да се оптоварува. Озонската терапија може да се даде кај сите пациенти, секако во зависност од степенот на патологија на дискот, но најважно е дека степенот на излекување е висок уште при првиот третман“.
Озонската терапија применета кај ‘рбетната патологија, дава сигурен резултат кај 75-85% од пациентите, додека пак кај 50% подобрувањето се чувствува веднаш по првиот третман, без да има потреба за повторување на процедурата.
Предностите од примената на овие процедури за пациентите се бројни, а она што е најважно од медицински аспект е тоа што оваа метода е минимално инвазивна, се изведува како амбулантно лекување, со локален анестетик и сигурноста е зголемена затоа што се работи под монитор.
Болките во грбот или дискусхернијата е многу честа појава посебно кај машката популација. Ги зафаќа сите зглобови и ‘рбетниот столб. Се јавуваат како последица на дегенеративниот процес или стареење. Фактори кои влијаат на дегенеративните промени може да бидат наследните генетски фактори, хормонален дисбаланс, нарушување на метаболизмот, начинот на живеење и физичката неактивност, а обезноста е дел од факторите кои го забрзуваат овој процес. Најчести симптоми што укажуваат на оваа патологија се болка во долниот лумбален дел (крстот) со ширење кон едната или двете нозе (лумбоишијалгија), трпнење на ногата, слабост на мускулатурата и не ретко Кауда екуина синдром.
Озонската терапија за дископатии и хернијација на дискот се применува единствено во Клиника Жан Митрев, за првпат во државата, а д-р Халими своето искуство го носи од Кувајт каде работел долги години во различни здравствени центри.
Можеби ќе ве интересира
Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Во недела ќе се одржи 9. издание на HalkEco Скопје Трча 10КМ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 09.05.2025 изнесува 90,47 евра за мегават час, на МЕМО 99,81 евра за мегават час

Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите
