БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА: Има ли пластика во чоколадите „МАРС“ во Македонија?
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 08:01
Тие посочуваат дека се во постојана комуникација со холандската Агенција за храна.Упатија извинување до сите потрошувачи и апел доколку некој има проблем да се јави во фабриката.
-Ние не можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика беше само во тоа чоколадо Сникерс. Ние сакаме нашите производи на пазарот, кои не можат да ги исполнат нашите барања за квалитет да се повлечат, па затоа решивме сите да ги повлечеме, посочуваат од фабриката „Марс” во Холандија.
Американската компанија Марс е една од најголемите светски компании за храна, производство на 29 чоколадни брендови, вклучувајќи М & М, Галаксија, Твикс, Баунти и Малтесерс. Таа, исто така ги произведува и мастиките за џвакање Вригли, ориз чичко Бен Рајс, Долмио сос за тестенини и храната за домашни миленици Педигре. Компанијата е една од најголемите приватни претпријатија во САД која лани има приход од продажба од 33 милјарди долари.
Колку губат компаниите?
Од американската компанија „Марс” засега не соопштуваат колкави количини ќе бидат повлечени и колкава ќе биде финансиската загуба.
Дел од странските бизнисмени изјавуваат дека често пати се случува да стигнуваат поплаки и жалби од потрошувачите и некогаш тие се вистински но некогаш лажни. Потегот за повлекување на производи може да доведе до нарушување на репутацијата на компаниите, како што тоа се случи лани со компанијата Нестле која ги повлече производот Маги тестенини во Индија во кој беше пронајден високо ниво на олово.Слично доживеа и компанијата „Кедбери” во 2006 година кога еден милион чоколади поради салмонела, компанијата имаше финансиска штета од 20 милиони фунти.
Каде исчезна листеријата?
Во Македонија и по две години остана енигма како дојде бактеријата листерија во вакумиран свински врат од еден производител. Прво надлежните посочија дека е пронајдена бактеријата во производот, па потоа дека резултатите се негативни. Министерството за здравство објави дека е детектирано присуство на листерија во сецкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија, а Агенцијата за храна и ветеринарство посочи дека не е утврдено присуство на бактеријата во сите мостри кои биле земени од компанијата. Во меѓувреме додека надлежните дебатираа за методите за испитување, од бактеријата починаа четири лица. Министерството за здравство поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во употреба на производи заразени со бактеријата листерија. Потоа Комисијата за заразни болести утврди дека кај еден од производите е најдена бактеријата листерија, а истата бактерија подоцна беше пронајдена и кај други производители.
Т.С
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




