Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година
Објавено во: Економија 11 Јули, 2020 07:00
Двете акционерски друштва во Скопје кои работат на одржување на гробиштата во Бутел, Ѓорче Петров, Драчево и Камник, како и на погребалниот сервис оствариле безмалку 4 милиони евра приходи минатата година, покажуваат финансиските извештаи на двете претпријатија што ги објавија за 2019-година.
Зголемени приходи пријавиле и двете друштва. Погребниот сервис АД Бутел остварил приходи од 120 милиони денари, односно 10 повеќе од една година претходно за своите услуги при организацијата на погребите, а добивката која ја прикажува изнесува 8,1 милиони денари, односно двојно поголема во однос на 2018.
АД Бутел - Скопје, претпријатието кое пак ги оддржува гробиштата и отстапува гробни места, остварило приходи од 101 милиони денари, односно 8 милиони повеќе од 2018 и за разлика од тогаш кога е пријавена загуба, овој пат има добивка од 3 милиони денари.
Двете претпријатија се основани од Град Скопје, а функционираат како акционерски друштва чии хартии од вредност не котираат на берзата.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




