29 Септември, 2024
0.0262

БЕЗЖИВОТНИТЕ ТЕЛА НА СЕМЕЈСТВОТО ПАЦОЛИ СЕ ПРОНАЈДЕНИ, ИЗВЛЕЧЕНО Е И ВОЗИЛОТО: Трагично заврши потрагата во Лепенец

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

По повеќе од 24 часа од вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во близина на граничниот премин Блаце, пронајдени се безживотните тела на патниците во возилото марка БМВ, а од водите на реката Лепенец извлечено е и возилото, потврди официјално МВР.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец  се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото „БМВ“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување, соопштија од МВР.

Во возилото БМВ се превезувале четворица патници, односно сите членови од семејството Пацоли, инаку државјани на соседно Косово.

По несреќата набрзо е извлечен само еден од синовите, 21-годишниот Ш. Пацоли, кој итно е пренесен во ГОБ „8 Септември“ и е сместен на Одделението за Трауматологија.

Во текот на денот, како што за Фактор потврди директорот на градската болница, д-р Христијан Костов, младиот пациент не е во животозагрозувачка состојба, иако има огреботини и набиеници по телото, но е во шок по несреќата.

Се очекува во текот на утрешниот ден да биде пуштен на домашно лекување, а треба да го преземат блиски роднини од Косово.

А. Б. 

ФОТО: ФБ/21Тв

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна