БГНЕС ја објави адресата на која „живеат“ Македонците со бугарски пасоши
Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
На една адреса во Бугарија се водат 45.752 имиња со место на живеење, а нивниот список се простира на 1.000 страници, објави денес БГНЕС.
Адресата на живеење се наоѓа во округот Средец во центарот на Софија. Фотографијата со гласачкиот список од овие имиња ја објави општинскиот градоначалник Трајчо Трајков пред одржувањето на парламентарните избори во Бугарија.
Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса - улицата „Леге“ 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец, потврди за БГНЕС градоначалникот на регионот.
„Ова е затоа што според законот оние што се стекнале со бугарско државјанство, кои живеат во странство, добиваат постојана адреса кај нас во зградата на окружната администрација“, објасни Траиков. Според последните податоци, тие се веќе над 82 илјади луѓе.
„Честопати ги гледам овие луѓе кога користат административни услуги во областа. Сепак, гласачките ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало досега “, рече Траиков.
Огромниот број луѓе на списокот имаат имиња пд македонски крај, кои го добиле бугарското државјанство врз основа на докажано бугарско потекло.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.