БГНЕС: Шилегов да ги избрише имињата со диктаторот Тито
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2021
Градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, повторно предизвика силни реакции со одлуката за преименување на улиците во градот., коментира бугарската медиумска агенција БГНЕС, која бара да се променат називите кои го носат името на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.
„Имињата на најпознатите водачи на националното ослободително движење, вклучително и учесници во солунските напади, се избришани од градот. Веќе нема да има улица во Скопје именувана по Борис Сарафов, кој заедно со Даме Груев и Анастас Лозанчев го предводеа штабот на Илинденското востание во 1903 година. Павел Шатев, еден од солунските атентатори, бил протеран од градот. По 1945 година, тој бил испратен во егзил од режимот на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито, а неговото тело било фрлено во дворот на црквата во градот Битола .
За да биде доследен во своите одлуки, Шилегов, кој организираше „историски патувања во Скопје во спомен на Тито“, врати улица именувана по водачот на болшевичката револуција во Русија во 1917 година, Владимир Илич Ленин.
И денес македонската престолнина е единствениот град во Европа каде се среќаваат улици и булевари со имиња на комунистички лидери, вклучувајќи го и диктаторот Тито. Не постои ниту една улица во градот именувана на барем еден од десетиците илјади прогонувани и убиени од 1945 година. Со имињата на комунистичките водачи, има многу фабрики, училишта, па дури и културни центри.
По распадот на Советскиот Сојуз, дури и во Русија, старите имиња беа обновени, вклучително и Санкт Петербург, кој Сталин го преименуваше во Ленинград“, гласи коментарот на БГНЕС.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.